Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Јувентус се пласираа вечерва во големото финале на Лигата на шампионите.
Тие во реванш од полуфиналето го совладаа Монако со 2:1 на домашен терен и со вкупни 4:1 се пласираа во финалето.
Голманот на Старата дама Џанлуиџи Буфон порача дека после мечот веруваше во своите сонови, односно повторно во повторен пласман во финалето на Лигата на шампионите.
„Во финалето сме. Нема да кажам дека тоа беше нашата прва цел, бидејќи влез во финале не мора да значи ништо ако не ја освоите титулата. Многу сум среќен бидејќи го дочекавме финалето во добра форма. Ако не сум во голем клуб и да немам одлични соиграчи, никогаш немаше да се вратам во финале на Лигата на шампионите. Пред две години сите зборуваа дека тоа ми е последно финале на Лигата на шампионите, а и јас имав дилема.
Сепак, морате да верувате во своите соништа“, рече Буфон после мечот.
Старата дама во големото финале ќе игра против подобриот од мечот Атлетико Мадрид – Реал Мадрид.
Да потсетиме, за Буфон ова ќе биде трето финале на ЛШ во кариерата.
Првото го загуби после пенали од Милан, а второто пред две години од Барселона.