НБА донесе одлука во врска со суспензијата на Дончиќ

Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе биде подготвен за вечерашниот натпревар против Детроит, откако НБА ја поништи неговата шеснаесетта техничка грешка во сезоната.

Дончиќ и центарот на Орландо Меџик, Гога Битадзе, добија технички грешки со преостанати 1:19 во третата четвртина од натпреварот кој на Лејкерс им донесе победа со резултат 105:104. Двајцата играчи разменуваа тешки зборови додека Дончиќ изведуваше слободни фрлања, а разговорот го продолжија и на пат кон другата страна на теренот.

НБА во неделата соопшти дека техничката грешка на двајцата играчи е поништена. Ако Дончиќ беше казнет со шеснаесетта техничка, тоа ќе значеше суспензија за еден меч.

Лејкерс се во серија од девет последователни победи, а Дончиќ во текот на оваа серија во просек постигнуваше 40 поени, 8.4 скока и 7.4 асистенции по натпревар.