Веќе нема дилеми, познат селекторот на Србија кој ќе ги предводи на СП

Иако ја однесе Србија на Светското првенство во Русија, Славољуб Муслин заработи отказ од селекторската позиција.

Моментално, вршител на должноста селектор е прославениот српски фудбалер Младен Крстајиќ кој според последните информации ќе ги предводи Србите и на Мундијалот во Русија.

Оваа вест ја пренесе српскиот весник „Новости“ откако пренесе дека Драган Стојковиќ Пикси и Вељко Пауновиќ ја одбиле понудата од фудбалскиот сојуз на Србија.

Крстајиќ беше предводник на Србија на пријателскиот натпревар против Кина кој нашите соседи го добија со 2:0.