Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фантастичниот напаѓач на Јувентус, Марио Манџукиќ одлучи да и каже збогум на репрезентацијата на Хрватска по СП во Русија.
„Коцкестите“ беа поразени во финалето, а Манџукиќ ја растажи нацијата. Сепак, некои сега веќе бивши соиграчи од репрезентацијата веруваат во неговото враќање. Домагој Вида беше јасен по тоа прашање во разговор за хрватските медиуми.
Добро го познавам, знаев и порано дека ќе ја заврши репрезентативната кариера ако направиме голем резултат. Дека ќе се фокусира повеќе на клубот. Мислам дека можеше да остане и да ни помогне. Би ни бил од голема важност, вели Вида.
Истакнува дека сепак потајно го наговара Манџукиќ да се врати.
„Тоа е негова одлука и треба да се почитува. Секогаш кога ќе се слушнеме, јас во шега, но и сериозно му зборувам да се врати, а велам да се обидам и Златко Далиќ како и федерацијата да го наговорат, кога веќе мене не ме слуша. Но, ме чека тешка работа, кога Марио нешто ќе одлучи, тешко е да го предомислиш. Многу тешка работа“, беше јасен дефанзивецот на Бешикташ.