Видео: Дисциплинската комисија во Шпанија за некого мајка, за некого маќеа


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Се што ќе направи Кристијано Роналдо мора да се спореди со она што го прави Лионел Меси. Едноставно тоа е така затоа што двајцата најдобри играчи на денешницата се под лупата на јавноста и се набљудуваат низ призмата на другиот.

Португалецот по вчерашниот инцидент кога го турна главниот судија заработи пет натпревари суспензија. Дисциплинската комисија на Шпанија веднаш се состана и одлучи да му врачи драстична казна на Роналдо.

Навивачите на Реал се бесни на ваквата одлука од причина што нешто слично во 2009 година направил и Лионел Меси кога исто така во „Ел Класико“ натпревар го оттурнал судијата, но не заработил никаква казна.