Видео: Шкендија во последните пет минути од првиот дел израмни против Тракаи

Фудбалерите на Шкендија лошо го започнаа натпреварот против Тракаи откако примија гол во првите 45 секунди.

По несмасната интервенција на голманот Захов најдобро се снајде Максимов и ги донесе домашните фудбалери во водство.

Сепак во 40. минута по одличното проигрување на нашиот репрезентативец Буба Хасани, Стенио Жуниор успеа да го мине противничкиот голман и да ја затресе мрежата на домаќините.