Виктор Мозес ги помина медицинските прегледи, наскоро станува соиграч на Елмас


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Виктор Мозес е пред комплетирање на трансферот во редовите на Фенербахче откако ги помина медицинските прегледи со турскиот клуб.

28 годишниот фудбалер кој воопшто не добива шанса од Маурисио Сари би требало да потпише шестмесечен договор на позајмица со право на целосен откуп на неговиот договор по крајот на сезоната.

Мозес беше клучен дел од тимот на Антонио Конте кој ја освои титулата во Премиер лигата во 2017 година, но под Маурисио Сари доби само 27 минути во најквалитетната лига во Англија оваа сезона.