Винисиус за момент ги покажа своите квалитети: Фосу Менса не знаеше каде тера (Видео)

Новото засилување на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор вчера дебитираше за Реал Мадрид на пријателскиот натпревар против Манчестер Јунајтед кој неговиот клуб го загуби со 2:1.

Винисиус не се најде во некоја стопостотна прилика за гол, но за момент ги покажа своите квалитети.

Младиот фудбалер со одлична техника успеа да го измести Тимот Фосу Менса и одлично да го проигра Герет Бејл кој не успеа да го совлада Давид Де Геа.

Како изгледаше потегот погледнете во следното видео: