„Вирусот на Диаби“ е опасен: Нова жртва е капитенот на Сити


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Капитенот на Манчестер Сити нема среќа, тој повторно се повреди.

    Компани не издржа ниту полувреме на гостувањето.

    Пеп Гвардиола мораше да го замени во 37-та минута поради повреда.

    Белгиецот во средината на првото полувреме се судри со голманот Клаудио Браво, а тогаш му беше дадена лекарска помош, но сепак тој не остана долго на теренот.

    На негово место влезе Пабло Забалета, а само 2 минути подоцна Сити стигна до водство со голот на Туре по асистенција на Нолито.