Вистинска зделка! На прагот уште  еден трансфер од Премиер лигата во Кина!

Продолжува традицијата.

До крајот на зимскиот преоден рок уште еден играч од Премиер лигата може да се пресели во Кина.

Како што пренесува Скај Спортс, напаѓачот на Вотфорд Одион Игало е многу блиску до трансфер во кинески Чонгчун Јатаи.

Наводно, кинескиот клуб е спремен да плати 20 милиони фунти за Нигериец, што Вотфорд не може да одбие.

Нигериецот е далеку од минатогодишната форма кога блескаше во дресот на „Стршлените“ и сега може да го напушти клубот.

Истотака, доаѓањето на Мбаје Нианг од Милан може да значи дека Валтер Мацари беше спремен да се откаже од еден напаѓач.

Игало и во летото беше на мета на поедини кинески клубови, но тогаш сакаше да остане во Премиер лигата.

Сега работите се свртија, поради тоа што не е повеќе добар како минатата година и нема понуди од други тимови ниту игра доволно добро во својот тим.