Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Вторпат во клупската кариера Кристијано Роналдо успеа да стигне до три натпревари по ред на кои постигнува и гол и асистенција.
Синоќа беше меѓу најистакнатите фудбалери во победата на Јувентус од 3-0 против Фросиноне. Додека во шестата минута му асистираше на Пауло Дибала, во 63. минута му асистираше на Марио Манџукиќ за 3-0.
Роналдо успеа слично нешто да направи против Парма на втори февруари кога постигна два гола и една систенција, а неколку дена подоцна на десетти февруари имаше две асистенции и еден гол против Сасуоло.
Слично нешто во кариерата успеа да направи и во 2014 година за Реал Мадрид, кога во шпанското првенство успеа да постигне против Гренада еден гол и две асистенции, Рајо Валјекано со еден гол и две асистенции, како и против Еибар со два гола и една асистенција.
Во моментов Роналдо е лидер на листата со стрелци со 19 голови, три повеќе од Дуван Запата и Фабио Кваљарела. Исто така, има осум асистенции, па е израмнет на првото место на листата на фудбалери со најмногу асистенци со Сусо од Милан.
1+1 – Cristiano Ronaldo has both scored and provided an assist in each of his last three league games for the second time in his career in the Top-5 European leagues (the first with Real Madrid in November 2014). Rarity. #JuveFrosinone pic.twitter.com/PEzOKhoDXJ
— OptaPaolo (@OptaPaolo) February 15, 2019