Вистински малер, во кариерата водел седум клубови и со сите испаѓал


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Поранешниот турски репрезентативец, Умит Озат дефинитивно не се прослави како тренер иако со оваа работа се занимава веќе осум години.

Кариерата како тренер ја започна во Келн како асистент на Звонимир Солдо, за потоа да се проба самостојно во оваа професија.

Озат досега водел седум клубови, и верувале или не, со сите нив испаѓал од лигата. Вчера неговиот Генчебирилги и официјално испадна од турската Суперлига, со што главниот град на Турција, Анкара од следната сезона нема да има прволигаш.

Претходно Озат испаѓаше со тимовите на Мерсин, Болуспор, Манисаспор, Елазигспор и Самсунспор.

Озат го помниме како одличен фудбалер од Светското првенство во 2002 година кога Турција го освои третото место.