„Внимателен сум, не би сакал да паднам на допинг тест“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Најдобриот тенисер во светот, Енди Мареј изјави дека води сметка за прозиводите и средствата кои ги користи, за да не биде позитивен на допинг тест.

    Шкотот во интервју за медиумите изјави деа внесувањето на некои средства го намалил на минимум.

    „Работев напорно за да се најдам во позицијата во која што сум сега. Не сакам да си го уништам тоа користејќи голем број непроверени производи, поради кои би паднал на допинг тест.“

    „Мора да бидете внимателни и професионални како спортист. Јас користам само најосновно.“

    Во истото интервју тој се наврати на односот со Надал, кој во тинејџерските денови индиректно влијаел на начинот на тренинг на Мареј.

    „Тој слабо знаеше англиски, а јас малку знаев шпански. Го прашав со кого тренира и како. Тренираше со поранешниот број еден Карлос Моја и тоа неколку часови дневно додека јас тренирав со брат ми неколку часа неделно. Тогаш сфатив колку сакам да напредувам во тенисот.“

    Мареј додаде дека во Шкотска не постоеле услови да напредува.

    „Мал број на терени, временски услови, но и обврски во училиштето кое ме спречуваа да играм повеќе. Надал беше најдобар играч. Тој беше само една година постар, но и многу подобар од сите други тенисер.“