Возбудливо реми на „Британиа“ (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Стоук и Лестер на стадионот „Британиа“ одиграа возбудлив натпревар кој на крајот заврши без победник (2:2).

Лестер прв стигна до предност во 33. минута кога по корнерот изведен од Ријад Махрез, Винсент Ибора го пронајде патот до мрежата.

Шест минути подоцна Стоук го изедначи резултатот преку Шаќири кој одлично се уфрли по десната страна и ја искористи асистенцијата на Чупо Мотинг.

Во вториот дел „Лисиците“ ја вратија предноста во 60. минута. Стрелец на голот беше Ријад Махрез.

Конечниот резултат го постави Питер Крауч во 73. минута откако со глава го матираше Шмајхел.

Лестер по 11. кола има 13 бодови и е на десеттото место во Премиер Лигата, додека Стоук со бод помалку се наоѓа на 14 место.