Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кошаркарите на Реал Бетис славеа на гости против Хувентуд со 88:94 во натпревар од дванаесетото коло од АЦБ лигата.
Првата четвртина домаќинот Хувентуд ја доби со 23:22. Реал Бетис го презеде водството во втората четвртина, но на полувреме заминаа со негатива од еден поен, 46:45. Хувентуд на стартот на третата четвртина стигна до првата поголема предност, 7 поени. Гостите успеаа да израмнат 59:59, но потоа одиграа лошо и во последните десет минути од натпреварот влегоа со негатива од пет поени, 70:65. Кошаркарите на Реал Бетис во последната четвртина направија пресврт, а домашните неколку секунди пред крајот на натпреварот го израмнија резултатот, 86:86. Македонскиот кошаркар, Војдан Стојановски погоди тројка за водство од 86:89. Потоа Војдан погоди двојка за мирна завршница и осигурување на победата на Бетис, 88:94.
После четири порази во низа кошаркарите на Бетис успеаа да победат.
Локет со 27 поени беше најефикасен во тимот на Бетис. Јунакот на натпреварот Војдан Стојановски постигна 16 поени. Кај домашните Џордан беше најефикасен со 16 поени. Видал додаде 13, а Богдановиќ 12 поени.