Во Барселона одлучија, ова е понудата за Меси!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Лео Меси наскоро би требало да потпише нов договор со Барселона, а еве ги и деталите.

Барселона на крајот на оваа сезона останува без тренер, Енрике одлучи да замине, а сеуште не е познато кој ќе дојде на негово место.

Сепак како што е познато, клубот ќе се обиде на сите можни начини да го задржи Лео Меси.

Овој 29-годишен фудбалер ќе добие понуда за потпишување на нов договор, кој ќе изнесува 35 милиони евра по сезона.

Во Барселона се надеваат дека споменатата сума ќе биде доволна за него, а во нивни прилог оди и фактот дека семејството на Меси ужива во Барселона и дека единствена алтернатива за него би било враќање во Аргентина.

Секако, поради тоа ниту понудата од 50 милиони евра годишно, колку што нудеа тимовите од Кина, не е доволна.

Меси е од својата 13 година во Барселона.