Во Барселона се крена прашина: Бесни сме на Гвардиола, ова е неетички…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Каталонецот се служел со недозволени средства, но не успеал во својата намера.

Барселона изминатата недела завршила голема работа.

На „Камп Ноу“ следното лето ќе пристигне Френки Де Јонг, фудбалерот на Ајакс чиј трансфер би можел да изнесува и до 90 милиони евра доколку ги исполни сите бонуси.

Каталонците водеа голема битка со ПСЖ и Манчестер Сити, а токму менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола се служел со некои неетички средства, тврди тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

„Не можете да зборувате со играч кој е под договор, тоа не е мој начин на делување, но секако работи онака како што мисли дека треба. Се зависи од тоа како Де Јонг ќе се вклопи во системот кој е многу сличен на оној на Ајакс. Се уште е млад и важно е да се вклопи како што треба, без брзање“, истакна Баск на клупата на Барселона.