До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Мароко е една од африканските земји кои изборија пласман на Мундијалот што во 2018 година ќе се одржи во Русија.
Интересно во репрезентацијата на Мароко е тоа што натпреварот против Брегот на Слоновата Коска кој Мароканците го добија со 2:0 го започнаа дури десет играчи кои не се родени во оваа земја. Сепак, сите играчи се со потекло од Мароко па не претставуваше пречка нивниот настап во дресот на оваа репрезентација.
Голманот Мунир и дефанзивецот Хакими се родени во Шпанија, Мехди Бенатија, Јусуф Белханда, Саис и Боутаиб се родени во Франција, а пак Ел Ахмади, Бусуфа, Зијеч и Амрабат во Холандија. Единствениот кој е роден во Мароко е соиграчот на Елмас од Фенербахче, Набил Дирар кој е роден во Казабланка, но има пораснато во Белгија.















