Во свој стил: Мурињо направи вистински „циркус“ на прес-конференција


Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓


Манчестер јунајтед утре игра против Валенсија во второто коло од Лигата на шампиони, а многумина мислат дека тој натпревар ќе ја реши судбината на Жозе Мурињо.

Англичаните пишуваат дека Португалецот се слушнал со потпретседателот на клубот, Ед Вудвард, како и дека деновите на „Олд Трафорд“ му се одбројани, а тоа го налути.

„Тоа се приватни работи. Ниту јас не ве прашувам вас дали сте зборувале со некого. А за Зидан? Прашајте го тој зад вас. Тој ја напиша приказната, па ќе ви објасни“, кажа Мурињо.

Натпреварот помеѓу двете екипи се игра во вторник од 21 часот.