Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Доста чудна и не многу честа ситуација се случи на ватерполо натпреварот помеѓу Војводина и Црвена Звезда во рамките од регионалната ватерполо лига.
Имено, натпреварот не го дочека својот крај затоа што еден од навивачите на домашниот тим го турна судијата Марко Матијевиќ во базенот. На инцидентот му претходеше исклучување на еден играч на Војводина при што тимот на Црвена Звезда го изедначи резултатот на 7:7.
Медиумите во Србија пренесуваат дека натпреварот ќе биде регистриран со службена победа за Црвена Звезда, а Војводина дополнително ќе биде санкционирана.