„Во формула 1 нема повеќе чувство на возбуда“


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Алонсо изјави дека постои и нешто друго што би сакал да прави доколку болидите на Ф1 не станат повозбудливи за возење по примената на новите правила од наредната година.

    Шпанецот, кој често ги критикува сегашните болиди, нагласува дека правилата за наредната година ќе имаат главна улога кога тој ќе одлучува што ќе прави со својата иднина.

    Инаку, Алонсо има договор со Мекларен до 2017-та година.

    Меѓутоа, тој изјави дека дури и да мора да ја напушти Ф1, тоа нема да значи крај на неговата професионална кариера.

    „Во последните две години повторувам постојано иста работа. Мислам дека денешните болиди не се атрактивни како тие во минатото. Ви даваат нормално чувство, тоа не е исто со таа Ф1 која ја знаевме во моите први 10 години од кариерата. Сега повеќе го нема тоа чувство на возбуда.“

    „Болидите се многу нормални, многу се досадни. Во текот на цела трка ги чуваме пневматиците, чуваме гориво, а тоа е против инстинктот на возачот.“

    За наредната сезона се најавени радикални промени, кои би требало Ф1 да ја направат побрза, а со тоа и поатрактивна.

    „Наредната година болидите ќе бидат побрзи, посилни и се надевам дека Ф1 ќе биде повторно атрактивна за возачите. Ако и понатаму се оди на штедење, а не на напаѓање, ќе размислам дали ќе останам или не. Постојат и други работи кои сакам да ги правам. Мислам дека правилата ќе имаат главна улога во мојата улога. За 12 месеци ќе видиме каква ќе биде ситуацијата и дали ќе останам во Ф1.“