Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Петра Квитова и Свитолина ќе играат во финалето во Жухаи, кој се игра за награден фонд од 2.214.500. Квитова ја победи Жанг со 6:2 и 6:2 додека Свитолина беше подобра од Конта со 2:6, 6:1 и 6:4.
Тие досега имаат играно 6 пати, а тенисерката од Чешка води со 5-1, но последниот дуел во 2014 година во Синсинати го доби Свитолина.
На овој турнир учествуваат тенисерките од 9 до 19-то место на ВТА листата- нешто како Б завршен турнир во кој побеничките од 4 групи ќе се пласираат во ½-финале.
Минатата година Венус Вилијамс во финалето беше подобра од Плишкова.