Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед подготвува голем ремонт наредното лето, а англиските медиуми денеска објавија имиња на три потенцијални засилувања, кои се приоритети на тренерот Оле Гунар Солскјер.
„Црвените ѓаволи“ планираат да ја засилат одбраната, а како голема желба на Солскјер се споменува Калиду Кулибали од Наполи.
Сенегалскиот стопер веќе долго време се поврзува со Јунајтед, а наводно тие се подготвени да понудат 110 милиони фунти за неговиот потпис.
Одбраната би требало да биде засилена и со младиот Арон Ван-Бисак, 21-годишниот десен бек, кој игра фантастична сезона во дресот на Кристал Палас и го привлече вниманието на себеси. Јунајтед е подготвен за неговите услуги да плати дури 40 милиони фунти.
Исто така, „ѓаволите“ планираат да го ангажираат и Иван Ракитиќ, за кој засега не се споменува цифра, која би требало да биде платена за неговиот потпис.