Ганонг најбрз во Гармиш-партенкирхен


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американскиот скијач Трејвис Ганонг е победник на спустот возен во Гармиш Партенкирхен.

Тој победи со време 1:53.71 и така стигна до првата победа во сезоната, а втора во кариерата.

Зад него завршија Јансруд со 1:54.09 и Петер Фил од Италија со 1:54.23.

Треба да се каже дека на патеката имаше и неколку тешки повреди.

Најлошо помина Стивен Нејман, кој доживеа тежок пад, па со хеликоптер беше пренесен во болница.