Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако Манчестер Сити брзо го реши и Саутемптон, Гвардиола побрза кон хотелот Радисон да ја прими наградата за менаџер на годината, избор од страна на новинарите во северозападна Англија.
Каталонецот се засрами кога ги виде официјалните лица во костуми и кравати.
„Луѓе, сега ми е срам што се облеков вака, зошто не ми кажавте дека смокингот е обврзувачки“, искрено истакна Гвардиола.
„Ветувам дека ако ми дадете награда и следната година, ако мојот тим биде добар, дека ќе дојдам многу попристоен. Ви благодарам, и уште еднаш се извинувам, што се појавив ваков“, посочи низ насмевка каталонскиот стратег.