Гвардиола соопшти тажни вести: Заминува легендата на Манчестер сити!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Искусниот фудбалер Јаја Туре по скоро осум години ќе ја заврши својата авантура во Манчестер сити, а тоа го потврид тренерот Пеп Гвардиола.

Туре во Манчестер сити стигна во 2010. година од Барселона за 27 милиони евра, а договорот кој му завршува за два месеци нема да биде продолжен.

„Туре дојде на крајот на ова патување. Ова е местото каде што сме сега е поради него и тоа што го направи за клубот“, кажа Гвардиола.

Фудбалерот од Брегот на слоновата коска со „граѓаните“ освои две титули во Премиерлигата и одигра 229 натпревари во Премиерлигата.