Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германската фудбалска репрезентација испадна од Б-лигата во Лигата на нациите и за две години ќе играат во она второ ниво на најквалитетни европски селекции.
Германија на Мундијалот во Русија испадна во групната фаза и тоа беше наговестување за кризата која подоцна продолжи и во дуелите од Лигата на нациите и која не го попушта некогашниот светски шампион.
До пред неколку години на Германија никој не можеше да и парира, а и ако од тогаш не доживеа огромни промени во играчкиот кадар, селекторот исто така е истиот, резултатите сепак, се во ранг на некои просечни селекции.
Што и се случи на Германија?
„Тоа е вина на Пеп. Тој не изненади дека за победување се доволни 75 поседи. Но, не е така. Во фудбалот резултатот е многу поважен од контролата. Контролата на топката не е доволна за победа“, истакна Ханс Петер Брајгел, некогашниот репрезентативец на Германија кој додава:
„Франција покажа демонстрација на светски шампион. Можете да победувате и со враќање на традиционалниот начин на играње. Најва7на работа не е добрата игра, резултатите се клучни. Иако, мислам дека ова кај нас е само минлива криза, не е првпат, веројатно ниту последен да влеземе во лоша серија“.
Во 2018. година Германија одигра 12 натпревари, од кои шест пати е поразена, двапати ремизираше и оствари само четри триумфи. Следниот натпревар го играат денес против Холандија во Лигата на нациите, но веќе е јасно дека се наоѓаат во понискиот ранг.