Гигс: Руни може да остане во Манчестер Јунајтед

Рајан Гигс изјави дека Руни би можел да остани во Манчестер Јунајтед ако самиот прифати помала улога во тимот.

Капитенот на Манчестер Јунајтед имаше сезона за заборав на „Олд Трафорд“, а повеќе беше на клупата за резерви или на трибините отколку на теренот.

„Вејн е докажан голгетер, дадете му шанса и тој веднаш ќе погоди. На него е дали ќе одлучи да се прилагоди да не биде прв избор и да се прилагоди на играта како што јас се прилагодив на неговите години, да не бидам прв избор, но да играм 25-30 натпревари и да допринесувам за тимот. Доколку Вејн го стори тоа не гледам причина за заминување од клубот.“- коментираше Рајан Гигс.

Руни минатата сезона во сите натпреварувања одигра 39 натпревари и постигна осум погодоци.