Ги нема Меси и Роналдо: Гатузо изненади со одговорот со кој играч би сакал да игра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо кој своевремено беше еден од најдобрите играчи за врска изјави дека негов идеален соиграч би му бил хрватскиот фудбалер Лука Модриќ.

Гатузо за „јутуб“ каналот на УЕФА беше запрашан кој од денешните фудбалери би го сакал за соиграч и против кого би сакал да игра.

„Сите велат Роналдо и Меси, но јас би сакал да играм со Лука Модриќ. Мислам дека е неверојатен играч, навистина ментално силен и чист фудбалер.  Кога би се вратил назад во моето време играв со неколку ’животни’ како Давидс, Визе, Инс. Од денешната фудбалска ера би сакал да се натпреварувам со Пол Погба. Има уште еден играч, а тоа е Блаз Матуиди. Тој изгледа како да не престанува да трча, секогаш е покрај вас“- изјави Гатузо.