ГН Валенсија: Лоренцо со победа се прости од Јамаха


    ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


    Шпанскиот возач Хорхе Лоренцо победи на денешната трка за ГН на Валенсија.

    Лоренцо успеа да победи во последната трка оваа сезона, па на тој начин се прости од Јамаха, бидејќи од наредната сезона ќе вози за Дукати.

    Шпанскиот возач заврши пред својот сонародник Марк Маркез, а 3-то место беше Јаноне. 4-ти на денешната трка беше Роси.

    Ова за Лоренцо беше 4-та победа оваа година, а 65 во кариерата.

    Новата сезона во Мото ГП започнува на 26-ти март со трката за ГН на Катар.