Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Во ноќта понеделник кон вторник беа одиграни 9 натпревари во НБА лигата.
Голден Стејт како гостин ја победи Индијана со 120:83, а најдобар беше Томпсон со 25 поени. Во тимот на гостите го следеа Кари со 22 и Дурант со 14 поени додека кај Индијана Струки постигна 21 и Јанг 14 поени.
За Голден Стејт ова е 12-та победа во 14 натпревари во сезоната, а 7-ма по ред додека Индијана го доживеа 8-от пораз.
https://youtu.be/v00Sg-ExgtM
Со одлична игра продолжи и Клиперс кој на домашен терен го победи Торонто со 123:115. Во тимот на победниците најдобар беше Грифин со 26 поени додека на другата страна Лоури постигна 27, а ДеРозан 25.
Сан Антонио беше подобар од Далас со 96:91 со 24 поени на Леонард.
Хјустон како гостин беше подобар од Детроит со 99:96, а на Харден му недостигаа 2 скокови за нов трипл-дабл, тој постигна 28 поени, 11 асистенции и 8 скокови.
https://youtu.be/BU4sRRRgDec
Останати резултати:
Клиперс – Торонто 123:115
Сан Антонио – Далас 96:91
Мемфис – Шарлот 105:90
Вашингтон – Феникс 106:101
Детроит – Хјустон 99:96
Бостон – Минесота 99:93
Филаделфија – Мајами 101:94