Големи измени: ТОП 10 најплатени играчи во светот


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл потпиша нов договор со тимот, па ќе остане во Мадрид до 2022 година.

    Тој неколку пати изјави дека не е среќен во Мадрид и дека би сакал да се врати во Англија. Сепак, во последно време стана јасно дека тој конечно се вклопил во животот во Мадрид, а сега потпиша и нов договор.

    Бејл во Мадрид ќе остане до 2022 година. Секако, неговата плата стана многу поглема, па Бејл напредуваше на листата на најплатени играчи.

    Во продолжение може да ја видите листата:

    1. Јаја Туре

    Туре веќе неколку сезони го носи дресот на Манчестер Сити, но по доаѓањето на Пеп Гвардиола стана јасно дека за него нема повеќе место во тимот. Сепак, и покрај тоа тој добива неделна плата која изнесува 240.000 фунти. Туре годишно заработува 12.5 милиони фунти.

    1. Серхио Агуеро

    Уште еден фудбалер на Манчестер Сити кој се наоѓа на листата. Агуеро е најверојатно најдобриот играч на Манчестер Сити и поради тоа е и најплатен. Овој играч заработува 241.000 фунти неделно, а на годишно ниво тоа изнесува повеќе од 12.5 милиони фунти.

    1. Златан Ибрахимовиќ

    Секако, на листата е и Златан Ибрахимовиќ. Тој ова лето стигна во Јунајтед како слободен играч и иако има скоро 35 години стана еден од најплатените играчи на овој клуб. Ибра неделно заработува 250.000 фунти, а тоа годишно изнесува 13 милиони фунти.

    1. Вејн Руни

    Капитенот на Манчестер Јунајтед се наоѓа во немилост на Мурињо, па скоро секој натпревар седи на клупата за резервни играчи. Сепак, тоа не влијае на неговата плата која изнесува 260.000 фунти, што значи дека тој заработува 13.5 милиони фунти годишно.

    1. Грациано Пеле

    Тој е првото изненадување на оваа листа на најплатени фудбалери. Овој фудбалер замина во Кина, а главна причина беа парите. Пеле неделно добива 260.000 фунти, а годишно тоа изнесува 13.5 милиони фунти.

    1. Нејмар

    Бразилскиот фудбалер Нејмар исто така неодамна потпиша нов договор со Барселона, па многу добро е рангиран на оваа листа. Нејмар неделно заработува 289.000 фунти играјќи во Барселона, а на годишно ниво добива 15 милиони фунти.

    1. Пол Погба

    Погба ова лето стигна во Јунајтед за 105 милиони евра, а тоа е најголем трансфер во историјата на фудбалот. Сепак, Погба не стана најплатен, но е на 4-то место. Французинот заработува 290.000 фунти, а тоа годишно изнесува повеќе од 15 милиони.

    1. Хулк

    Најверојатно и најголемото изненадување на оваа листа е Хулк. Тој од Зенит минатата година замина во Шангај каде што заработува неверојатни 16.5 милиони фунти, односно добива неделна плата од 317.000 фунти.

    1. Герет Бејл

    Новиот договор на Бејл го донесе на одличното 2-ро место на листата на најплатени играчи. Тој во Реал Мадрид заработува неделно 346.000 фунти, односно 18 милиони фунти годишно.

    1. Лионел Меси и Кристијано Роналдо

    Најверојатно најдобрите 2 играчи го чуваат првото место на листата. Интересно е што 2-та во своите клубови заработуваат по 365.000 фунти, односно 19 милиони фунти годишно.