Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Медиумите од Шпанија тврдат дека Роналдо и Перез не се во добри односи и дека Португалецот се чувствува измамен затоа што не добил нов договор и зголемена плата.
Во моментов Меси заработува околу 40-50 милиони евра годишно, а тоа е двојно повеќе во однос на Роналдо, а исто така и платата на Нејмар во ПСЖ го прави несреќен Роналдо.
Кога на сето тоа ќе ја додадете и резултатската криза на Реал Мадрид, не треба да ве чуди зошто се појавија нови шпекулации дека Роналдо ќе си замине од тимот. По кој знае кој пат во игра за неговиот потпис е неговиот поранешен клуб Јунајтед.
„Ако е можно, јас сакам да останам во Реал, но не можам ништо да кажам, затоа што не сум сопственикот на тимот“, вели Роналдо.
По оваа изјава беше јасно дека нешто се случува и дека има повторно проблеми со Перез, па се поизвесно е дека тој ќе го напушти клубот во наредното лето.