Големо чудо на повидок, сепак нема крај на САГАТА: Ибрахимовиќ се враќа во Премиер лигата?!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Понудата за Марко Арнаутовиќ од Шангај е одбиена, но Кинезите ќе се вратат. Тамошниот шамион силно го посакува Австралијанецот со српско потекло, па веројатно ќе ја засили понудата од 35 милиони евра и ќе го донесат Марко во Азија.

Вест Хем бара замена, го сака Калум Вилсон од Борнмаут, но тој вреди повеќе од 50 милиони, тоа беше цената и за Челси, „Црешите“ не сакаат са го продадат, потребен им е да се изборат за опстанок, во криза се по добриот старт.

Се појави информација која предизвика воодушевување помеѓу навивачите, Златан Ибрахимовиќ во Премиер лигата.

Имено, Вест Хем се обидува да го убеди да земе голема сума во следните шест месеци и да им помогне, за Швеѓанецот тоа би било предизвик, по пропаднатите преговори со Милан.

Освен него предвид доаѓа и Радамел Фалкао кој не се прослави во Челси и Јунајтед, а Пелегрини сака засилувања во други линии на тимот, Мозес од Челси, како и Дринквотер, а можно е да го купи и играчот за врска на Блекбурн, Бредли Дак, бидејќи Шелви сепак е невозможна мисија. На крајот, Рубен Лофтус Чик е расположен да замине од Челси, него го посакува Палас каде беше на позајмица, но и Њукасл…