Горан Пандев со два гола во пријателски натпревар за Џеноа

Капитенот на репрезентацијата на Македонија постигна два гола во првиот претсезонски натпревар кој неговата Џеноа го одигра против нисколигашот Стубаитал.

Џеноа победи со убедливи 17:0, а Пандев погодоците ги постигна во 16. и 27. минута од натпреварот.

Талентираниот напаѓач Симеоне постигна дури седум погодоци на натпреварот, а по два пати во листата на стрелците покрај Пандев се запиша и Хилјемарк.

Пандев го продолжи договорот со Џеноа и во наредната сезона ќе го носи дресот со број 10.