Гостиварец го носи следното засилување на ПСЖ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од таборот на ПСЖ веќе долг период се во потрага по лев бек кој би требало да претставува конкуренција на Лајвин Курзава на оваа позиција.

Ако им се верува на медиумите во Франција, нов фудбалер на ПСЖ наскоро треба да стане 24 годишниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Рафаел Гереро.

Интересно е што  на фудбалерот агент му е гостиварецот Фали Рамадани кој живее и работи во Германија.

Инаку, Португалецот во 2016 година се пресели меѓу „Милиониерите“, а претходно кариерата ја градеше токму во Франција во тимовите на Каен и Лориен.