Готово е: Легендарниот Ван Дер Варт се збогува со професионалниот фудбал!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По повеќе од 500 одиграни натпревари на клупско ниво и преку 100 настапи во дресот на државниот грб, Холанѓанецот, Рафаел Ван дер Варт одлучи да се повлече.

Холандскиот интернационалец, Ван дер Варт соопшти денес дека ја завршува професионалната кариера.

Речиси две децении играње на сениорско ниво, преку 100 настапи во дресот со државниот грб и 500 натпревари на клупско ниво, е билансот на момчето кое своевремено беше означен како „новиот Кројф“.

Се прослави во славната академија на Ајакс, а со 17 години само дебитираше за нивниот прв тим, по две титули, трофеи во Купот и Супер купот на Холандија, го подигна сидрото и замина во насилната германска лига.

Три сезони мина Ван дер Варт во Хамбург, пред да го реализира трансферот во Реал Мадрид. Периодот минат во Реал Мадрид не беше плоден, со „Кралевите“ освои само еден Супер куп на Шпанија, за потоа да премине во редовите на Тотенхем.

Летото 2010. година беше дел од репрезентацијата на Холандија која го освои второто место на Мундијалот во Јужна Африка.

По големиот успех на Мундијалот, тој заигра за Тотенхем, во него мина две сезони, а потоа го започна својот втор мандат во Хамбург. Од моментот кога вторпат настапи за германскиот прволигаш, неговата кариера оди во надолна линија, па епизодите во Бетис, Митлијанд и Есбјерг беа заборав.