Готово е, уште една ѕвезда го напушта Ливерпул


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Скај спортс“ тукушто пренесе дека Емре Чан постигнал договор со Јувентус и од следното лето ќе биде нов играч на клубот од Торино.

Наводно од Ливерпул го притискале германскиот интернационалец да остане и да го продолжи договорот со нив, но Чан сакал преселба во Серија А.

Договорот на играчот од средниот ред со Ливерпул завршува следното лето и тој беше слободен да преговара со било кој клуб без потреба да го информира неговиот сегашен клуб за тоа.

Ќе видиме дали Јирген Клоп ќе му дава шанса на поранешниот играч на Баерн Минхен во останатиот дел од сезоната или ќе го „казни“ па ќе го остава на клупата за резервни фудбалери или на трибините.