Го крстил синот Гризман Мбапе, па ја крена Франција на нозе


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Еден французин кој очигледно е голем обожавател на фудбал одлучил својот син да го крсти по Антоан Гризман и Килијан Мбапе.

Бебето кое е родено во градот Бриве во јужна Франција го добило името Гризман Мбапе, но набрзо родителите морале да го сменат името на момчето.

Обвинителството во Франција се вклучило во овој случај и бара од власта да го одбие ова име, а на тоа има право доколку името не е во интерес на детето.

Се на крај ќе заврши на суд, а Обвинителството ќе бара името да се избрише од регистарот и родителите да одберат друго име за детето.

Овој случај привлече големо внимание во Франција. Сите будно следат што ќе се случи баш како и случајот за девојчето во 2015 година кога родители крстија девојче Нутела.

Судот нареди промена на името и девојчето се вика Ела.