ПСЖ не сака да му плати на Мбапе – ќе одат на суд!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Францускиот гигант ПСЖ одби да исплати 55 милиони евра колку што требаше да добие Килијан Мбапе поради неисплатени плати и бонуси.

ПСЖ не му ги исплати последните три плати на францускиот голгетер, како и одредени бонуси, по што Мбапе најави тужба.

Француската лига констатираше дека ПСЖ треба да исплати 55 милиони евра, но француската екипа реши да не го послуша барањето.

„Ги слушнавме аргументите на комитетот која постојано инсистираше на договор меѓу ПСЖ и фудбалерот. Комитетот имаше лимитиран поглед на работите и затоа правдата ќе ја бараме на суд каде што ќе ги презентираме нашите докази“, кажале од ПСЖ за медиумите.