Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Американката Микаела Шифрин е победничка на слаломот за Светскиот куп во Леви. До својата 20-те победа во оваа дисциплина, а вкупно 21-ва во кариерата, стигна со 67 стотинки подобро време од втората Венди Холденер, односно 75 стотинки пред третата Петра Вилхова.
Шифрин го превзема водството во вкупниот пласман во Светскиот куп, по 2 трки, велеслалом во Соелден и слалом во Леви, има 180 бодови. Второ место е Швајцарката Лара Гут со 100 бодови, а 3-та е нејзината сонародничка Холденер со 95.
Инаку, за Американката ова беше 9-та победа во слаломот. Следниот предизвик ги очекува во американскиот Килингстоун наредната сабота.
Резултати:
1. Микаела Шифрин(САД) – 1:52.71
2. Венди Холденер(ШВА) – 1:53.38
3. Петра Вилхова(СЛВ) – 1:53.46
4. Вероника Велез-Зузулова(СЛВ) – 1:54.31
5. Марен Скјолд(НОР) – 1:54.52
6. Меланија Меилард(ШВА) – 1:54.58
7. Шарка Страчова(ЧЕШ) – 1:54.72
8. Нина Лосет(НОР) – 1:54.87
9. Мишел Гисин(ШВА) – 1:54.97
10. Кармен Таламан(АВС) – 1:55.09