Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Легендарниот шпански напаѓач, Давид Виља ја заврши сезоната во МЛС лигата со својот Њујорк Сити, а во едно интеврју даде интересен коментар за својот поранешен менаџер.
Имено, тој на прашањето дали би можел да ја помине паузата во Манчестер Сити одговори со пофални зборови за менаџерот Пеп Гвардиола.
„Се уште немаме разговарано за тоа, но не сум сигурен колку тоа би му значело на Гвардиола. Тој е еден од најдобрите менаџери во историјата на фудбалот, во тоа сум сигурен. Верувам дека тоа е клуб што може да ја освои Лигата на Шампионите оваа сезона, Гвардиола знае што работи“, изјави Виља.
„Горд сум што имав прилика да работам со таков стратег“, додаде Виља.
Гвардиола и Виља имаат заедно работено во Барселона.