Дали нешто во Коритиба претчуствуваа: Пред еден месец одбија да летаат со кобниот авион


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Фудбалерите на Коритиба пред повеќе од еден месец одбија да патуваат со авиокомпанијата Ламија.

    Фудбалерите на Чапекоенсе и персоналот на клубот настрадаа по падот на авионот на патот до Меделин(Колумбија).

    Во трагедијата загинаа 71 лице, а авионот во кој беа патниците служеше за превоз на фудбалски тимови во Јужна Америка, па го користија репрезентациите на Аргентина, Венецуела и Боливија.

    Но, од бразилскиот клуб Коритиба на 26-ти октомври одлучија да одат со автобус во Меделин, па тие одбија да летаат со авионот во кој овој пат летаа фудбалерите на Чапекоенсе.

    Тогаш на никого не му беше јасно зошто Коритиба ја одби понудата да оди со авион на важното гостување кај Атлетико, клубот против кого требаше да игра Чапекоенсе во финалето.