Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Можеби и единствена светла точка оваа сезона е, а би можел да ја промени средината.
„Росонерите“ се во големи проблеми, тие се во резултатска криза, имаат проблеми со УЕФА околу ФФП, бараат засилувања, но имаат низа потешкотии.
Го ангажираа Лукаш Пакет, ќе видиме како Бразилецот ќе се покаже во Серија А и колку време ќе му биде потебно да се адаптира.
Желбата на спортскиот сектор е на „Сан Сиро“ во јануари да пристигне и еден напаѓач, пропаднаа информациите за доведување на Ибрахимовиќ и Пато, па останува да видиме што ќе направат.
Партик Кутроне и оваа сезона покажа дека има голем потенцијал, постигна девет погодоци иако само осумпати беше стартер, а неговиот агент тврди дека за младиот Италијанец интерес покажаа клубовите од Шпанија и Германија.
Сепак, Донато Орнјони истакнува дека Кутроне сака да остане во Милан и да му помогне да оствари што е можно подобри резултати, но следното лето ситуацијата би можела да се промени.
Ќе видиме како на тоа ќе реагира внатрешноста на клубот, нема сомнеж дека ќе сакаат да задржат еден од своите најталентирани играчи, но за тоа да го направат мора да ги поправат резултатите и на Кутроне да му понудат подобра минутажа.