До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Главен актер на спорната ситуација – Ненад Томовиќ.
Фудбалерите на Фиорентина и Милан одиграа без голови во дуелот од шестото коло од Серија А на Артемио Франки во Фиренца.
Избраниците на Паоло Соуза беа подобар ривал во текот поголемиот дел од дуелот, а успееја да промашат и пенал во 23 минута. Го промаши Иличиќ.
Сепак, иако беа подобри, казна за промашениот пенал можеше да стигне во финишот на дуелот.
Пред самиот крај на мечот, српскиот интернационалец Ненад Томовиќ влезе во нозете на Луиз Адријано кој беше на работ од казнетиот простор на домаќините.
Судијата процени дека немаше контакт, какво е вашето мислење?















