Столе: Треба да ги поправиме грешките и мора да го дадеме најдоброто од себе за Македонија


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, се обрати на прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар против Ирска во Даблин.

„Ја анализиравме средбата со Данска, потребна ни е подобра контрола на средината на теренот. Ги знаеме грешките и треба да се подобриме. Треба да сме максимално фокусирани и да го дадеме најдоброто од нас за Македонија“, кажа Димитриевски.

Натпреварот меѓу Ирска и Македонија се игра од 20.45 часот.