Дармиан како слободен агент си заминува од Манчестер Јунајтед


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Играчот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармиан би можел да си замине од редовите на „Црвените ѓаволи“ уште во јануари, но многу е поверојатно тоа да се случи следното лето.

Договорот на Италијанецот истекува по крајот на оваа сезона, а од Манчестер Јунајтед очигледно немаат намера да му го продолжат.

Клубовите кои се заинтересирани за него ќе може да го донесат во јануари за помала сума, или да почекаат до следното лето кога ќе може да го донесат како слободен агент. За Дармиан интерес има од Јувентус, Интер и Наполи, а каде ќе заврши останува да видиме во иднина.