„Да постигневме трет гол, ништо немаше да биде готово“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Нормално, дека ни беше полесно кога игравме 11 на 10, но погледнете и колку одбрани имаше Ноер. Не е лесно да играте овде“, рече Французинот после победата во Минхен.

Имаше тренерот на фудбалерите на Реал Зинедин Зидан причина да биде среќен и насмеан после вечерашниот натпревар во Минхен.

Не само дека неговата екипа го победи Баерн со 2:1 во првиот меч од четвртфиналето од ЛШ, веќе тоа го направи после голем пресврт.

„Овој двомеч никогаш не го одлучува првиот натпревар. Можеби можевме да дадеме уште еден или два гола, но и со ова сме многу среќни“, одма ја спушти топката на земја францускиот стратег.

Тој смета дека дури во второто полувреме екипата на Реал почна да игра онака како  што беше договорено.

„Покажавме желба да направиме добар резултат после првото полувреме. Веројатно натпреварот ќе беше подруг ако Баерн зголемеше на 2:0. Сепак, бевме стрпливи, брзо израмнивме. Од тој момент се се промени. Ја вративме топката во своите нозе и покажавме карактер“.

Призна Зидан дека исклучувањето на Хави Мартинез во голема мера ја олесни работата на Реал, но потсети колку е тешко да се добие во Минхен.

„Нормално, ни беше полесно кога игравме 11, на 10, но погледнете и колку одбрани имаше Ноер. Не е лесно да се игра овде. Баерн има одлични играчи, се работи за врвна екипа. Моравме да одиграме добро во второто полувреме. И да го постигневме третиот гол, ништо немаше да биде готово. Се се решава во следната недела“, заклучи тој.