Два пати го одби Интер: Неуспешен и обидот за „трета среќа“!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Кандидат помалку за наследник на Де Бур.

    Нема да има „трета среќа“, Капело го одби Интер.

    Неговиот син, кој му е менаџер изјави дека Капело бил 2 пати блиску до Интер.

    „Мојот татко беше блиску, 1996, а потоа и околу Калчополи, но не седна на клупата на Интер. Сега нема шанси, нема да ја прифати понудата, ниту на Интер, ниту на било кој друг.“

    Интер наводно се насочил кон Леонардо кој веќе го водеше клубот, а други во конкуренција за тренерското место се Мандорлини и Пиоли како привремени тренери, а Руди Гарсија не сака да биде „чувар на клупата“ до лето.

    Сепак, Де Бур сеуште е тренер, иако не му е сигурно местото.

    Интер нема вистинско решение за тренерското место, па кинеските сопственици се надеваат дека тимот ќе излезе од криза наскоро.