Деби гол за Алексис во Манчестер Јунајтед (видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Јунајтед по поразот од Тотенхем во претходното коло, денес славеше против Хадерсфилд на свој терен со 2:0.

„Ѓаволите“ доминираа од самиот почеток, ја контролираа играта и држеа се под контрола, но по првите 45 минути не успеаја да ја затресат мрежата на гостите.

По само 10 минути во второто полувреме Манчестер Јунајтед стигна до гол. Мата испрати одличен центаршут, а на вистинското место се најде Ромелу Лукаку.

15тина минути подоцна во казнениот простор беше срушен Алексис Санчез, а судијата веднаш покажа на белата точка. Чилеанецот ја презеде одговорноста, но неговиот удар го запре Лосл. Сепак, Алексис имаше среќа затоа што топката веднаш се одби до него и без проблем ја затресе мрежата и го постави конечниот резултат.

Резултати:

Бурнемут- Стоук 2:1

Брајтон- Вест Хем 3:1

Лестер- Свонси 1:1

Манчестер Јунајтед- Хадерсфилд 2:0

ВБА- Саутемптон 2:3